Фудбалската федерација на Македонија одлучи финалето од Купот на Македонија за жени да се игра на 30. мај на стадионот на ФК Кит-Го во Пехчево.
За првпат во својата историја Пехчево ќе биде домаќин на еден фудбалски настан од овој ранг, благодарение на новиот фудбалски терен изграден од ФК Кит-Го, кој до 30. мај ќе биде и дополнително реконструиран како би се создале идеални услови за натпревар.
Во женското финале од Купот на Македонија ќе се соочат екипите на Драгон и Тиверија Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА