Финалето во Копа Америка ќе се игра пред публика

Натпреварот меѓу Бразил и Аргентина во Копа Америка ќе се игра пред публика. Бразилските власти објавија дека на трибините ќе може да бидат присутни барем 6.500 навивачи.

И официјално пристигна потврда дека стадионот ќе ги отвори вратите за навивачите, но само за 10 отсто од капацитетот на трибините.

На стадионот ќе можат да влезат само тие кои добиле покана од Фудбалската федерација на Јужна Америка, а притоа мора да имаат негативен тест на Ковид-19, кој мора да го покажат при влезот на стадионот.

КОНМЕБОЛ на почетокот на годинава на финалето на Копа Либертадорес дозволи влез на навивачи, но тогаш беа прекршени правилата и организаторите добија казна.

Се вчитува...