Извршниот Комитет на УЕФА донесе одлука финалето на Лигата на шампионите во 2027 година да се игра на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Тоа е стадионот на кој игра Атлетико Мадрид, и по вторпат ќе се игра финалниот меч на оваа арена.
Финалето во ЛШ се играше на овој стадион во 2019 година, кога Ливерпул со 2-0 го совлада Тотенхем. Станува збор за стадион кој е отворен во 2017 година, со капацитет од 70.692 места.
Во оваа сезона финалниот меч во ЛШ ќе се игра во Будимпешта, на стадионот „Пушкаш Арена“.
The UEFA Executive Committee has appointed the Estadio Metropolitano in Madrid as the host for the 2027 #UCLfinal.
Will you be there? 👇 pic.twitter.com/4bL8Sjcr1m
— UEFA (@UEFA) September 11, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

