Борусија Дортмунд синоќа беше елиминирана од Купот на Германија. Загубија од Волфсбург по продолженијата, по што на жесток удар е тренерот Нури Шахин. Борусија го забележа третиот пораз по ред. После Реал Мадрид, и поразот од Аугзбург, сега следуваше нова шлаканица и елиминација од Купот.
После натпреварот своето незадовлство го истакнаа многумина играчи. Најпрво еден од капитените, голманот Грегор Кобел кој беше видно нервозен по натпреварот, па со своите ракавици удри по клупата.
„Билд“ пишува дека неколку фудбалери отворено го истакнале своето незадоволство од клубот. Така Марсел Сабицер, кој што беше еден од клучните играчи минатата сезона, а во оваа почесто е на клупата, наводно побарал да биде ставен на трансфер листа и тоа уште во зимскиот преоден рок. „Билд“ најавува дека Јулијан Бранд ја игра својата последна сезона во дресот на „милионерите“, а заминување наводно побарал и Дониел Мален, кој истакнал дека сака да оди во клуб кој освојува титули.
И покрај тоа што наголемо се зборува за тренерска смена, сепак, веројатно тоа нема да се случи во овој момент. Себастијан Кел, спортскиот директор на „милионерите“ вчера по мечот истакна:
„Борусија била во оваа ситуација и во минатото, па сме се издигнувале. Така ќе биде и овој пат. Стоиме заедно во сите успеси и неуспеси“.
Се чини конечната судбина ќе биде позната после овој викенд. Борусија игра меч против Лајпциг на домашен терен.
Gregor Kobel you deserve so much better I’m sorry we can’t do this for you pic.twitter.com/7bjvYmZOYU
— lara (@Schl0tterbeck) October 29, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА