„Вардарци“ го одработија и последниот тренинг вечерва на стадионот „Младост“ во Струмица, пред утрешниот реванш натпревар против Малме во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Фудбалерите на македонскиот шампион тренираа на теренот каде што утре ќе го играат мечот во кој влегуваат со големи шанси за пласман понатаму, после оние 1-1 првиот натпревар во Шведска.
Шефот на стручниот штаб, Гоце Седлоски на последниот тренинг финишираше со тактичките подготовки пред утрешниот меч. Во позитивно расположение „црвено-црните“ веруваат дека се има сила да се стигне до позитивен резултат против Швеѓаните кој ќе донесе продолжување на европското лето…
ФОТО: www.fkvardar.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА