Одбројувањето до почетокот на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ продолжува со презентацијата на медалите за победниците на 5 и 10 километарска трка и тим билдинг трката и за финишерите на 10 километарската трка кои организаторите ги подготвија.
Финиш медалот ќе го добива секој учесник кој ќе ја заврши 10 километарската трка без разлика со какво време. Тој е дело на охридскиот дизајнерски тим предводен од дизајнерот Марта Пејоска, која и минатата година за сите победници на 10 километри изработи филингрански брошеви со логото на Охрид трчаТ.
Во рамките на подготовките за финалната организација на спортската манифестација Охрид трчаТ 2018 се одржа и средба меѓу организаторите „Асоцијацијата на спортови спорт за сите – сите за спорт“ и четирите здруженија, институции кои ќе се задолжени за освежителните станици поставени долж патеката за Охрид трчаТ.
На средбата Организаторите им се заблагодарија на Советот на Општина Охрид, Заводот за кардиоваскуларни заболувања, Лајонс клубовите од Охрид и Ротари клубот од Охрид четирите субјекти за прифатената покана од страна на организаторот да се дел од Охрид трчаТ како организации – волонтери задолжени за освежителните станици.На средбата се договорија локациите на кои ќе бидат поставени станиците и за која станица кој ќе биде задолжен од субјектите како и се дадоа насоки, како и што треба да се прави за време на одржувањето на трките на Охрид трчаТ.
Освежителните станици ќе бидат поставени на четири локации надвор од старт/цел местото и тоа Горна Порта, Охридска Банка, Гимназија и Кеј Македонија и ќе служат како пунктови за освежување и конзумација на вода за сите учесници на Охрид трчаТ. Оваа година организаторите воведоа интересен и општествен начин на организација на освежителните станици со која сакаат да го промовираат волонтерството и одговорноста кај повозрасната и поодговорна група на лица во нашето општество се со цел да се мотивира поддршката и активизмот како еден од предусловите за организирање и промоција на секој еден настан.
До најголемата спортска манифестација во Охрид остануваат уште седум денови, а за пријавувањето на учеството уште три дена. Последен рок за пријавување е понеделник на полноќ. Сите неопходни информации може да ги добиете на www.ohridtrcat.mk. А, да се пријавите на годинашниот „Охрид трчаТ 2018“, кој ќе се одржи на 3. јуни, можете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА