Финансиска поддршка од МОК за системска промена: 15 федерации добиваат суб-грантови

Македонскиот Олимписки Комитет заедно со партнерите во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, го одржа настанот за проектот „Фер игра“, каде беше презентирано истражувањето за родова еднаквост и инклузивност во спортот.

На истиот, претседателот на МОК, Даниел Димевски информираше дека 15 национални спортски федерации ќе добијат суб-грантови од по 6.700 евра.

Меѓу другото, федерациите веќе добија информации за критериумите, процесот на аплицирање и роковите.

„Поддршката е наменета за активности што промовираат родова еднаквост и вклучување на жени – вклучително и жени со попреченост – во спортското лидерство. Ова е чекор напред кон пофер и поинклузивен спорт во Македонија!“ – беше истакнато на настанот за родова еднаквост и инклузивност во спортот.

Се вчитува...