Со цел да обезбеди опстанок во прволигашката конкуренција, Воска Спорт ги засили своите редови со тројца интернационалци. Станува збор за еден интернационалец од Јапонија, потоа еден од Финска и еден од Словенија.
Јапонскиот фудбалер Таики Кагајама кој игра на левокрилната позиција, и има 30 години ќе биде првото засилување за тимот од Охрид. Кагајама досега играше за шведски Сундсвал, а во минатото беше дел од Самгурали Грузија, а беше дел и од Интер Турки, Коколан и Муса. Во Јапонија играше за Муса.
Второто засилување е финскиот интернационалец Туре Сира. Сира има 30 години и игра во средниот ред, а доаѓа од Хака. Настапуваше за Илвес и Оулу од Финска.
Трето засилување ќе биде Филип Валенчиќ кој игра за Хонка. Настапува во офанзивниот дел од средниот ред. Настапуваше и во Купс, Хелсинки, Стабаек, Интер. Беше дел и од Монца, Нотс Каунти. Во Словенија беше дел од Интерблок и Олимпија Љубљана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА