Финк: Сакаме победа и на реваншот со Шкендија

Самсунспор со предност од еден гол ќе влезе во реваншот на домашен терен против Шкендија, но турскиот тим не планира да ја брани оваа минимална позитива.

Како што најави тренерот Торстен Финк, планот е турскиот суперлигаш да стори се за да слави повторно над македонскиот првак, за со две победи да обезбеди пласман во осминафиналето од Конференциската лига на УЕФА.

„Ова ќе биде мојот прв натпревар пред домашните навивачи. Секако, пласманот во оваа фаза е историја за клубот. Пишуваме нови страници. Тука сум кратко време, но ја чувствувам енергијата на тимот и клубот. Игравме добро во Скопје и против Карагумрук. Имавме посед на топката и сакам таа енергија да ја покажеме и утре. Апсолутно ни треба победа. Можеби ќе направиме промени, можеби ќе играме со двајца напаѓачи. Не сакаме да чекаме, планираме да напаѓаме. Сакаме да играме со енергија и самодоверба“, изјави Финк на денешната прес-конференција.

Се вчитува...