Финска го „реши“ Казахстан, Пуки го надмина легендарниот Литманен

Финска со двата гола на Тему Пуки, го реши Казахастан победувајќи го со 0:2 на негов терен.

Пуки погоди во 45. минута, односно кон крајот на првиот дел, и потоа само што почна вториот дел, даде и втор гол за 0:2, резултат кој беше конечен.

Голгетерот на Финска со тоа го надмина на вечната листа легендарниот Јари Литманен по бројот на голови во националниот тим.

Тоа за Пуки беа 32 и 33 гол, со кои се запиша во историјата на Финска.

 

Се вчитува...