Актуелниот светски шампион Германија е првиот финалист на Евробаскет 2025 откако денеска во Рига славеше над репрезентацијата на Финска со 98-86.
За разлика од мечот во групната фаза во кој Финска загуби со 30 поени разлика, денеска Финците му пружија поголем отпор на фаворитот, но немаа сила за нова сензација на Евробаскетот.
Германците фуриозно го отворија натпреварот. Погодуваа во првите две четвртини буквално од секоја позиција, па на полувремето заминаа со двоцифрена позитива од четиринаесет поени 61-47. Финците конечно го покажаа квалитетот со кој ја исфрлија и Србија во осминафиналето дури во третата четвртина во која одиграа на одлично ниво, па пред влезот во последниот период успеаја да намалат на 81-73.
Во последниот период Германците успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до конечен триумф од 98-86. Денис Шрудер со 26 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Оливер Нкамуа постигна 21 поен.
Во второто полуфиналет кое на програмата е вечерва од 20 часот ќе се сретнат Турција и Грција. Финалето и мечот за третото место се закажани за во недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

