Репрезентацијата на Финска го совлада Лихтенштајн на домашен терен со 2-0 во натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2020 година и обезбеди историски дебитанстки настап на едно големо натпреварување. Финците поведоа со голот на Туомининен во 21. минута. Настапот на ЕВРО 2020 го запечати Тиму Пуки со два гола во вториот дел.
Во останатите два натпревари од понудата во 18 часот. Норвешка ги задржа шансите за пласман на ЕВРО 2020 откако на домашен терен ги декласираше Фарски Острови со 4-0, додека Грција ја совлада Ерменија нагости со 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА