Фински хокеар пронајден мртов, неговиот партнер осомничен за убиство

Поранешниот фински хокеар Јане Пухака (30) е пронајден мртов во својот дом, а полицијата се сомнева дека неговото убиство го извршил неговиот партнер Ролф Нордмо (66). Според овие информации, Пухака бил убиен со сачмарка, а употребеното оружје било законска сопственост на Нордмо.

Веднаш по пронаоѓањето на телото, полицијата го уапсила Нордмо, додека истрагата за овој трагичен случај е во тек. Нордмо до сега немал криминално досие.

Пухака ја започнал својата хокеарска кариера кога имал само шест години, а играл за различни клубови во Финска и Франција. Стигна до ниво на репрезентативец и освои бронзен медал на Светското првенство за јуниори до 18 години.

Се вчитува...