Финскиот голман полуде по поразот од Монако: Младите фудбалери мислат дека имаат ‘големи м*диња’

Голманот на Баер Леверкузен, Лукаш Храдецки беше нервозен после поразот од Монако, откако си постигна комичен автогол во дуелот кој го добија Французите со 2:3.

Финскиот голман во 9. минута дозволи да биде притиснат од Брел Емболо, и така да го добие дуелот, а топката се одби од Храдецки и заврши во голот.

„Прашајте го судијата, тоа е чист прекршок според мене. Ме удри и неконтролирано паднав. За мене тоа е прекршок. Освен тоа не разбирам како не ја погледна уште еднаш ситуацијата. Да не ме турнеше, ќе ја додадев топката без проблем. Ме боли к*рот, ова е безобразно“, рече Храдецки.

Дополнително се налутил после караницата на двете екипи после натпреварот.

„Мотивирани сме за вториот меч. Што се случи после натпреварот? Нова генерација, секој мисли дека има поголема м*да од другите. Не разбирам, се се тоа деца“, изјави Храдецки.

Се вчитува...