Финските навивачи го освоија Евробаскетот со креативноста, а Јокиќ им објасни кој е (ФОТО)

Србија ја продолжи перфектната победничка низа на Евробаскетот откако убедливо славеше на натпреварот против Финска со 100-70. Доминацијата беше изразена со шест двоцифрени играчи, а најдобар учинок повторно имаше Никола Јокиќ кој мечот го заврши со дабл-дабл од 13 поени и 14 скока на кои додаде и 7 асистенции.

Двократниот МВП на НБА лигата беше „мета“ на финските навивачи пред натпреварот кога на трибините се истакна транспарент „Никола кој?“, надевајќи се дека Србинот ќе има лош ден, а финската репрезентација ќе се радува на победа. Но, по доминацијата на Јокиќ мораа да променат буква па до крајот на мечот истиот гласеше „Никола зошто?“.

Финските навивачи го освоија Евробаскетот со креативноста, но српскиот кошаркар беше тој кој ја предводеше својата репрезентација до место во плеј-офот.

Се вчитува...