Финците ја „сомлеа“ и Грузија за историја: Првпат во полуфинале на Евробаскет! (ВИДЕО)

По елиминацијата на Србија, Финска запиша историја за својата кошарка првпат обезбедувајќи место во полуфиналето на Европско првенство. Финците овој пат ја „сомлеа“ Грузија победувајќи со 93-79, во натпревар во кој целосно доминираа уште од самиот почеток.

Уште откако ја добија првата четвртина со 28-15, кошаркарите на Финска јасно покажаа кој е кој на мечот, па пред полувремето имаа и предност од повеќе од 20 поени.

Грузијците успеаја со одлична трета четвртина да дојдат до минус шест, но во последниот период немаа сили за целосен пресврт, па Финска сосема заслужено дојде до победата, и пласман меѓу четирите најдобри на Евробаскетот.

Се вчитува...