Италијанскиот калчолигаш Фиорентина одлучи да ги демантира гласините дека клубот се договорил со Интер за трансфер на еден од своите најдобри фудбалери, Федерико Бернардески, во летниот преоден рок. Во италијанските медиуми се појавија шпекулации дека двата клуба веќе се договориле за сума од 40 милиони евра тој да се пресели на „Џузепе Меаца“ по завршувањето на сезоната. Сепак, клубот тоа го демантира.
„Фиорентина конкретно и официјално ги демантира дезинформациите дека клубот се договорил со Интер за трансфер на нашиот фудбалер Федерико Бернардески. Сакајќи да го заштитиме самиот фудбалер, но и нашите навивачи да ја знаат вистината, мораме да ги демантираме овие шпекулации и јавно да обзнаниме дека нема никаков договор со Интер“, се вели меѓудругото во информацијата од калчолигашот Фиорентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА