Фиорентина до џиновски три бода во трката за опстанок

Фиорентина направи џиновски чекор во трката за опстанок откако „виолетовите“ славеа на гостувањето против дирекниот ривал Кремонезе, и тоа со убедливи 1-4.

Фиорентина имаше самое ден бод повеќе од Кремонезе во пресрет на овој дуел, но тимот од Фиренца одигра беспрекорно, максимално ги искористи своите шанси  и заслужено стигна до победата.

Победникот практично беше решен во првите триесетина минути во кои „виолетовите“ поведоа со 0-2 преку Паризи и Пиколи. Меѓу стрелците во второто полувреме се запишаа и Додо и Гудмундсон, додека единствениот погодок за Кремонезе беше дело на Окереке.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...