Фиорентина го победи и Каљари, продолжува трката за титула (ВИДЕО)

Фиорентина ја продолжува трката за титула во Серија А, славејќи со 1-0 во 15. коло пред своите навивачи против екипата на Каљари.

Тимот од Фиренца победи благодарение на голот на Каталди во 24. минута од натпреварот.

Сега, Фиорентина повторно се израмни на делба на третата позиција со Интер со 31 бод, три помалку од водечката Аталанта која има и натпревар повеќе.


Се вчитува...