Веќе е извесно дека Душан Влаховиќ на лето ќе ја напушти Фиорентина, и ќе се пресели во поголем клуб. Јувентус, Тотенхем, Арсенал… се само дел од клубовите кои сакаат да го видат Србинот во своите редови. Последните информации се дека понудата од Арсенал е најдобра, односно дека изнесува 85 милиони евра, само да дојдат до услугите на Србинот, кој е водечки стрелец во Серија „А“ во моментов.
„Виолетовите“, пак, се подготвуваат да најдат негова замена. Според планот, доколку Влаховиќ си замине во јануари, главен кандидат за негов наследник е Џонатан Иконе од Лил. Фудбалерот кој подеднакво добо се снаоѓа и како крилен и како централен офанзивец се наоѓа на врвот на листата со желби на Фиорентина, која ги почнала и преговорите со неговиот клуб.
Проблем за „виолетовите“ е што Арсенал нуди најмногу пари, но Влаховиќ не сака ни да чуе за преселба меѓу „топчиите“ и во моментов инсистира само на трансфер во Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА