Фудбалерите на Фиорентина одиграа неверојатен натпревар на домашен терен совладувајќи го фаворизираниот Милан со 2-1 во меч од 25. коло во италијанската Серија А. Клубот од Фиренца доминираше во првите 45 минути, а гостите од Милано мораше да бидат среќни што на полувреме заминаа со почетните 0-0.
Во вториот дел клучниот момент се случи во 49. минута кога Нико Гонзалез од пенал го постигна погодокот за водство на домашниот тим од 1-0. Лука Јовиќ во 87. минута ја запечати победата на домашните постигнувајќи гол за 2-0. До крајот почесен погодок постигна Тео Хернандез во 95. минута.
Fiorentina [1] – 0 AC Milan – Nicolas Gonzalez PEN 48′ from soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА