Фиорентина и Астон Вила се први полуфиналисти во Конференциската лига (ВИДЕО)

Астон Вила и Фиорентина се први полуфиналисти во Конференциската лига на УЕФА.

Астон Вила дури по изведувањето на пеналите успеа да се спаси пред Лил, елиминирајќи го францускиот тим. А, Лил се до 87. минута од регуларниот дел на мечот имаше место во полуфинале по водството од 2-0. Но, Англичаните со голот на Кеш во 87. минута успеаја да дојдат до 2-1, идентично на нивната победа од Бирмингем.

Па, откако во продолженијата немаше погодок, на крајот пенал-рулетот беше посреќен за Астон Вила.

Фиорентина дури по продолженијата го елиминираше тимот на Викторија Плзен. По регуларниот дел дуелот заврши без голови, како и на првиот натпревар.

А, во продолженијата, Гонзалез во 92.минута и Бираги во 108. минута беа стрелци за тимот од Фиренца за место во полуфиналето во Конференциската лига.

Се вчитува...