Фиорентина ќе игра во четвртфиналето на УЕФА Конференциската лига откако триумфираше против турски Сиваспор и на реванш дуелот од осминафиналето, овој пат со 1-4 на гостински терен, откако претходно победи пред своите навивачи со 1-0.
Во четвртфиналето ќе игра и Лех Познањ откако победи со убедливи 0-3 на гостински терен против Ѓурѓарден во Шведска. Полјаците победија со 2-0 и на првиот дуел во Познањ.
Слован Братислава и швајцарски Базел ќе играат продолженија, откако и вториот меч во регуларниот дел кој се игра во Словачка заврши со идентични 2-2 како од првата средба во Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

