Фиорентина или Вест Хем? – Во битка за свој прв европски трофеј во 21. век!

Вечерва во Прага на „Еден арената“ од 21 часот битката за втората европска титула сезонава. Откако минатата недела Севилја ја освои Лигата на Европа со седмата своја титула во ова натпреварување, денеска пресметка меѓу Фиорентина и Вест Хем за трофејот во УЕФА Конференциската лига.

Долго и двата тима очекуваат трофеи во своите витрини, па и тоа како е огромна желбата на двете страни да се дојде до победа во денешното финале.

Фиорентина на европски трофеј чека повеќе од шест децении, последен пат триумфирајќи во Купот на победниците на куповите во далечната 1961 година. Имаа „виолетовите“ можност за трофеј пред две недели но загубија во финалето на Купот на Италија од Интер.

Вест Хем има трофеј во УЕФА Интертото купот од 1999 година, а претходно беше победник и во Купот на УЕФА во 1965 година. Сето тоа е повеќе од силен мотив да се дојде до нова европска титула, прва во 21. век.

Натпреварот за двата тима е значаен и затоа што победникот наредната сезона ќе игра во групната фаза од Лигата на Европа, преку настапите во своите национални првенства ниту Вест Хем, ниту Фиорентина не успеаја да обезбедат место во европските натпреварување.

Се вчитува...