Фиорентина излезе со соопштение за состојбата на Бове

Натпреварот меѓу Фиорентина и Интер и официјално нема да се доигра денеска откако страшни сцени се случија на дуелот кој се играше на „Артемио Франки“.

Младиот фудбалер на домаќините Едоардо Бове колабираше на теренот, по што мораше да дојде медицинска помош. Тој веднаш беше пренесен во болница, додека останатите играчи и целиот стадион со солзи ја проследија целата ситуација.

Со свое соопштение излегоа од клубот, а ви го пренесуваме во целост.

„Фиорентина и Универзитетската болница Кареџи соопштуваат дека фудбалерот Едуардо Бове кој беше спасен на теренот по губењето на свеста на натпреварот Фиорентина и Интер, моментално е под фармаколошка седација и е хоспитализиран на интензивна нега. Бове пристигна во стабилни хемодинамски услови и првите кардиолошки и невролошки тестови што беа направени отфрлија актуно оштетување на цетнралниот нервен систем и кардио-респираторниот систем. Во наредните 24 часа ќе му бидат направени дополнителни тестови на Едуардо Бове во болницата“, стои во соопштението на Фиорентина.

Се вчитува...