Фиорентина ја најде замената за Стефано Пиоли

Италијанскиот стручњак Паоло Ваноли е новиот тренер на Фиорентина, објави денес клубот од Фиренца. Како што беше објавено, Ваноли (53) го наследи отпуштениот Стефан Пиоли на клупата и потпиша договор до крајот на сезоната.

Ваноли, кој го водеше Торино минатата сезона, ќе има примарна задача да обезбеди опстанок на Фиорентина во Серија А.

По 10 одиграни кола, Фиорентина нема победа и е последна со само четири бода.

Се вчитува...