Фиорентина ја освои Џенова, 40 минути за Пандев (ВИДЕО)

Фиорентина слаеше на гостувањето против Џенова со 1-2 во првиот натпревар од 4. коло во Серија А.

Во главно израмнет натпревар, Сапонара со погодокот во 60. минута ја најави победата за „виолетовите“, а Бонавентура со погодокот во 88. минута зголеми на 0-2. Кришито од пенал во осмата минута од судиското продолжение постигна почесен гол за Џенова.

 

Горан Пандев ги одигра последните 40 минути на дуелот, влегувајќи во игра во 53. минута на местото на Дестро меѓутоа без поизразени можности да донесе барем бод за својот тим.

Се вчитува...