Фиорентина му го зема скалпот на Комо

Фиорентина стигна до злато вредна победа во 25. коло од Серија А триумфирајќи на гостувањето кај Комо со 1-2.

Фагиоли го донесе гостинскиот тим во предност во 26. минута, а Кин од пенал во 54. минута донесе позитива од 0-2.

Автоголот на Париси во 77. минута донесе надеж за Комо, меѓутоа домаќините не успеаја да стигнат до изедначување.

Отежнувачка околност беше црвениот картон на Мората во 89. минута со што Комо остана со играч помалку на теренот.

Фиорентина со овој триумф стави крај на серијата од три натпревари во низа без победа и стигна до големи бодови во битката за опстанок, додека Комо загуби значајни бодови во битката за излез во Европа.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...