Екипата на Фиорентина добро ќе заработи од продажбата на Душан Влаховиќ во Јувентус. „Виолетовите“ ќе бидат во добивка од околу 50 милиони евра, со оглед дека од продажбата на Влаховиќ ќе заработат 65 милиони евра, а неговата замена ќе ја донесат од Базел за 15 милиони.
Станува збор за бразилскиот напаѓач Артур Мендонка Кабрал, кој има импресивни две сезони во Базел, и на 51 меч постигна 32 гола. Според најавите, би требало да пристигне во Фиренца, веднаш откако ќе се комплетира трансферот на Влаховиќ во Јувентус.
Во минатото Кабрал играше за Палмеирас и за Цеара. И Базел добро ќе заработи од овој трансфер, затоа што во 2020 за околу 3 милиони евра пристигнал во Базел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА