Фиорентина пазареше од Арсенал, следи позајмица од Реал Мадрид

Фиорентина заврши одлична работа одолевајќи на налетите на неколку клубови ширум Европа кои сакаа да го ангажираат Душан Влаховиќ. Српскиот голгетер ќе остане во Фиренца и во новата сезона, по што „виолетовите“ се насочија кон ангажман на нови фудбалери пред крајот на овој преоден рок.

Еден трансфер е веќе завршен, откако денеска беше постигнат целосен договор за доаѓање на Лукас Тореира од Арсенал. Уругваецот не се снајде најдобро меѓу „топчиите“, минатата сезона беше на позајмица во Атлетико Мадрид, но ниту таму не доби преголема минутажа. „Топчиите“ дадоа зелено светло, тој пристигнува во Фиорентина на едногодишна позајмица, за камбек во Калчо-лигата, каде со голем успех го носеше дресот на Сампдорија.

„Виолетовите“ се на прагот да осигураат уште еден квалитетен играч, откако се договори со Реал Мадрид за доаѓање на десниот бек Алваро Одриозола. Сите детали меѓу клубовите се веќе средени, а се чека само уште самиот фудбалер да ја прифати понудата на Фиорентина и да се пресели на Апенинскиот полуостров.

Се вчитува...