Фиорентина и Јувентус освоија по еден бод на натпреварот одигра во Фиренца, а позадоволни од овој бод може да бидат гостите од Торино кои се спасуваа од пораз на „Артемио Франки“.
Иако Фиорентина губеше со голот на Милик во 9. минута, Куаме успеа да израмни на 1:1 во 29. минута. Најголемата шанса „виолетовите“ ја имаа во 44. минута кога имаа пенал, но Јовиќ ја погоди стамо стативата. И не само пеналот, туку Фиорентина и во вториот дел пропушти неколку добри можности за уште еден гол.
Алегри се обиде со замени да го „раздвижи“ Јувентус, но тоа не даде плод. Јуве не делуваше добро на теренот, и го оствари третото реми во петтиот натпревар. Фиорентија, пак, исто така трет пат игра нерешено.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

