Екипата на Фиорентина е првиот полуфиналист во Купот на Италија, откако вечерва на свој терен на „Артемио Франки“ ја исфрли Болоња по изведувањето на пенали.
Во регуларниот дел и во продолженијата беше 0-0, со поконкретни и подобри шанси за Болоња, меѓутоа мрежите мируваа.
Во пенал серијата во чевртиот обид Болоња промаши, додека Лопез погоди во петтата серија и така ги однесе „виолетовите“ во следната рунда.
Фиорентина во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Милан – Аталанта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА