Милан го доживеа првиот пораз во Серија А сезонава откако загуби на гостувањето кај Фиорентина со 4-3 во меч од 13. коло. Домаќините одиграа неверојатен прв час во кој веќе имаа предност од 3-0 со головите на Данкан, Сапонара и Влаховиќ.
Само две минути по третиот гол на „виолетовите“ следеше „блиц-крик“ на Ибрахимовиќ кој за само пет минути (62. и 67.) успеа за момент да ги врати „росонерите“ во игра намалувајќи на 3-2. Сепак, Душан Влаховиќ со својот втор гол во 86. минута повторно зголеми на два гола (4-2), а гостите до крајот успеаја само со автоголот на Венути во 96. минута да го намалат поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА