Специја не успеа ја продолжи својата одлична форма во Серија А, па вечерва буквално во последните минути загуби од Фиорентина со 1-2 во натпревар од 25-то коло во Серија А.
Фиорентина најпрвин испушти рано водство во 17. минута, откако Кшиштоф Пјатек не ја искористи шансата од белата точка да ја затресе мрежата на домашшниот тим. Сепак, иницијативата за гол и победа продолжи и во следните минути, а Пјатек ја поправи својата грешка во 42. минута, успевајќи да донесе водство на својот тим од 0-1, резултат со кој се замина на пауза.
Во второто полувреме Специја успеа во својата иницијатива да го израмни резултатот, Кевин Агудело во 74. беше стрелец за својот тим. До крајот на мечот „битката“ припадна на гостите, Фиорентина буквално во последните минути успеа да дојде до победа со гол во 89. минута преку Кевин Агудело.
Фиорентина сега има 39 бода и се наоѓа на 8-та позиција од Серија А, додека Специја со 26 поени е на 14-то место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА