Фиорентина со голема победа кај Болоња (ВИДЕО)

Изненадувачка победа на Фиорентина на гостувањето кај Болоња попладнево, со која „виолетовите“ и тоа како си ги зголемија шансите за опстанок во Серија „А“. Со ова „виолетовите“ стигнаа до вториот триумф во последните четири меча, во кои немаат ниту еден пораз, и со 17 бодови сега имаат реални шанси да останат во најквалитетното натпреварување во Италија. Од друга страна Болоња го претрпе третиот пораз на последните пет меча и сега излезе од местата кои носат Европа идната сезона.

Мандрагора на асистенција на Гудмундсон во 19. минута од средбата ги израдува гостинските навивачи. Пред самиот финиш од првиот дел Фиорентина стигна и до втор гол, дело на Пиколи.

Во второто полувреме целосна инциијатива на Болоња да дојде до израмнување, но не успеа. Успеа само да го ублажи поразот во 88. минута со голот на Фабијан. Сепак, можеше овој гол да биде и израмнувачки со оглед дека Рове три минути претходно ја погоди стативата од голот на „виолетовите“.

Оваа победа беше посветена на претседателот на клубот Роко Комизо, кој почина вчера.

Се вчитува...