Фиорентина со засилување од Аталанта ќе брка опстанок во Серија „А“

Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната. 

Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок до крајот на сезоната, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата. 

„Виолетовите“ засега е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува во клубот, а тренерот Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред. 

Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, за што ќе се разговара на крајот од сезоната. 

Се вчитува...