Џенова не може да победи и без Андреј Шевченко на клупата кој доби отказ пред неколку дена. Но, денеска тимот доживеа вистинска катастрофа на гостувањето во Фиренца, и загуби од Фиорентина 6-0, и згора на тоа домашните утнаа и пенал.
Влаховиќ во 11. минута не реализираше удар од белата точка. Одриозола во 15. минута, сепак, донесе водство за Фиорентина, за Бонавентура во 34. минута зголеми на 2-0. Бираги донесе 3-0 во 42. минута и практично го реши победникот.
Влаховиќ постигна гол во 51. минута, а Бираги во 69. минута зголеми на 5-0. Тореира во 77. минута ги постави конечните 6-0. Горан Пандев остана на клупата и немоќно гледаше како неговиот тим тоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА