Наполи го одигра првиот меч на „Диего Армандо Марадона“ стадионот по освојувањето на шампионската титула во Италија. Играчите на Фиорентина пред мечот направија шпалир за новите шампиони во Серија „А“.
Но, нивниот добар гест не им го простија играчите на Наполи, кои победија благодарение на голот од пенал на Виктор Осимен. Напаѓачот од „втора“ погоди (првиот пенал го промаши) за три бода и уште поголемо славје на „Марадона“.
Елмас играѓе во стартните 11 на Наполи, и беше на теренот до 84. минута кога беше заменет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА