Фиорентина веќе во полуфинале на Конференциската лига, и Андерлехт на добар пат (ВИДЕО)

Фиорентина, се чини, веќе сосема извесно е во полуфиналето на УЕФА Конференциската лига откако во првиот четвртфинален натпревар славеше со убедливи 1-4 на гостувањето против Лех во Познањ.

Тимот од Фиренца победата ја најави со головите на Кабрал и Гонзалез уште во првото полувреме, а во вториот дел погодија и Бонавентура и Иконе.

На добар пат кон полуфинале е и Андерлехт кој на домашен терен славеше со 2-0 против АЗ Алкмар. Стрелци на головите за победи на белгискиот тим беа Муриљо во првото полувреме и Ашимеру во вториот дел.

Базел и Ница, пак, во последниот четвртфинален натпревар одиграа без победник, 2-2, на натпреварот во Швајцарија. Претходно, Гент и Вест Хем исто така ремизираа на дуелот во Белгија, 1-1.

Се вчитува...