Фирмино дециден: Го сакам Ливерпул, сакам да останам во овој клуб

Во овој летен трансфер период особено беа актуелни гласините за потенцијалното заминување на Роберто Фирмино од Ливерпул.

Сепак, Бразилецот сега јасно се изјасни дека не сака да го напушти „Енфилд“.

„Го сакам овој тим, го сакам овој град и навивачите. Тука сум среќен и секако дека сакам да останам“, изјави Фирмино.

Фирмино во Ливерпул пристигна во 2015 година и имаше голема улога во најголемите успеси на клубот во оваа деценија, како освојувањето на Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Лига Купот, Комјунити Шилд, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Договорот меѓу Ливепрул и Фирмино истекува следното лето.

Се вчитува...