Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино, во прв момент не доби дозвола да влезе на стадионот „Људски врт“ во Марибор, во пресрет на синоќешниот меч од Лигата на шампионите. Тој беше учтиво замолен од претставничката на обезбедувањето да ја покаже својата акредитација, дека навистина му припаѓа на тимот на англискиот премиерлигаш.
Фирмино се врати во автобусот по акредитацијата, потоа влезе без проблеми, но им даде гол на фудбалерите на Марибор по само четири минути игра. Тогаш почна серијата голови на Ливерпул, Фирмино постигна и уште еден гол во второто полувреме, а Марибор си доби „седумка“ (0-7)…
? Eres Firmino, te bajas del bus del #Liverpool, vas a jugar la #Champions… pero sin acreditación no pasas [vídeo @LFC] pic.twitter.com/H3cPYIystV
— ElDesmarque (@eldesmarque) October 17, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА