Фјури: Џошуа се по*ра по себе… Тој е пропалица која заслужува ќотек (ВИДЕО)

Ентони Џошуа ги одбрани титулите во тешка категорија во верзиите ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО, откако во деветтата рунда го нокаутираше Бугаринот, Кубрат Пулев.

Веднаш по мечот тој упати порака дека не е важно кој ќе му биде следен противник и дека е толку добар што може да го добие и Фјури.

„Еве не луѓе. Ентони Џошуа моментално се по*ра самиот по себе во текот на преносот. Избега од одговорот дали сака борба со мене. Јас сакам таква борба, сакам тој да биде мојот следен меч. Ќе го нокаутирам во три рунди. Тој е пропалица и чекам само да го нокаутирам“, изјави Фјури. 

 

Се вчитува...