Фјури го откри својот автомобил и ги шокираше фановите: Парите не ја прават среќата!

Со победата против Дилијан Вајт, Тајсон Фјури ја одбрани титулата шампион во тешка категорија според верзијата на ВБЦ, по што најави повлекување од професионалната кариера.

Неговиот промотор Френк Ворен успеа да организира борба со рекордно висок влог од 30 милиони фунти. Без разлика на исходот на натпреварот, на Фјури му беа загарантирани 21,5 милиони фунти, а дополнително инкасираше три за остварената победа.

Фјури уште еднаш ја истакна својата скромност, па овојпат ја изненади јавноста откако рече дека вози автомобил од 2007 година.

„Немав ништо во живтот. Не е се во парите за мене. Возам пасат од 2007 година. Не ми е гајле што имам. Познавам многу многу богати луѓе, но никој од нив не е среќен. Парите не ме прават среќен. Не ми е гајле ни за појасите, ниту за наследството. Одлично е да заработуваш од тоа што сакаш да го правиш, јас заработувам од боксот и уживам во него“, потенцураше Фјури.

Тајсон изјави дека во неговиот живот има време само за добри луѓе.

„Во секое време би можел да завршам како потстанар. Дали тоа би ме променило како личност? Дали ми треба самовила или Ролс-Ројс? Тоа не ме прави маж … Ако си милионер и си ужасна личност, не сакам да имам ништо со тебе. Имам време само за добри луѓе“, истакна Фјури.

 

 

 

Се вчитува...