Тајсон Фјури, светскиот боксерски првак во тешка категорија во саботата пред распродадениот „Вембли“ ја одбрани шампионската титула со нокаут против Дилан Вајт, а и покрај тоа што остави простор за враќање во рингот, сега ја ја отфрли можноста за истото.
Имено, во емисијата „Пиерс Моргна без цензура“ изјави како има се што му е потребно во животот и не гледа потреба да се врати во рингот.
„Јас завршив и тоа е вистина. Среќен сум, здрав, сеуште ми работи мозокот и можам да говорам. Имам убава сопруга, шест деца, шампионски појаси, доволно пари, успех и слава. Што ми треба повеќе“, изјви Фјури.
Фјури во својата кариера 33 пати се бореше со противниците, а забележа 32 победи од кои 23 со нокаут. Eден меч заврши нерешено.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА