Тајсон Фјури и Дионте Вајлдер својата трета борба ќе ја имаат на 19. декември, но локацијата се уште не е позната. Третата борба дефинитивно ќе се одржи на 19. декември, но се уште се бара локација.
„Барама локација ширум светот. Најважно е за овој настан да го најдеме најдоброто место во светот. Кога ќе ги разгледаме сите опции, ќе го скратиме списокот и ќе видиме каде ќе не одведе тоа. Во овој момент имаме многу понуди и не отфрливме ниту една. Сега сме фокусирани на 19. декември и се надеваме дека до тогаш ситуацијата ќе се нормализира и дека ќе може да се дозволи присуство на одреден број навивачи“, изјави извршниот директор на компанијата која е промотер на настанот, Бред Џејкобс.
Првиот меч меѓу двајцата боксери во тешка категорија е завршен нерешено, додека во вториот Фјури со технички нокаут го совлада Вајлдер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА