Фјури откри зошто ја лижел крвта од Вајлдер: Морав да го вкусам пленот

Тајсон Фјури ја освои титулата во тешка категорија – ВБЦ на 22. февруари минатата година. Фантастичниот Британец го „уништи“ Деонте Вајлдер во Лас Вегас, а борбата беше прекината во седмата рунда. „Циганскиот крал“ беше доминантен на овој дуел, за време на кој Фјури во еден момент тој реши да ја проба крвта на својот противник.

За време на прегратката, Фјури со јазикот ја лижеше крвта на Вајлдер, па овој потег привлече големо внимание. Тајсон една година подоцна, одлучи да ја открие причината пред јавноста.

„Сакав да ја почувствувам крвта на Деонтај Вајлдер. Го искористив моментот и го направив тоа во шестата рунда. Ова го сторив за да го вкусам пленот. Јас бев ловец таа вечер. Бев како лав, тој беше газела, голема газела. Го фрлив долу и играта заврши”, рече Фјури.

Фјури сега се соочува со веројатно најголемиот предизвик во кариерата, бидејќи конечно треба да се најде во рингот со Ентони Џошуа во борбата за апсолутен светски шампион оваа година.

“I was a lion and he was like a gazelle.”@Tyson_Fury explained why he licked Deontay Wilder’s blood during their rematch last year.

(via @bokamotoESPN) pic.twitter.com/PpsMFZzjAC
— ESPN Ringside (@ESPNRingside) February 24, 2021

Се вчитува...