Фјури: Пак би се сретнал со Вајлдер, но тој ќе побегне…

Тајсон Фјури е морален победник од борбата со Деонте Вајлдер, но тоа не му е од корист на британскиот боксер кога шампионскиот појас по ремито на неделната борба остана во сопственост на неговиот ривал. Голем дел од боксерската јавност сега е во исчекување на реванш, но Фјури се сомнева дека наскоро би можело да дојде до нова пресметка меѓу него и Вајлдер.

„Јас немам ништо против, можеме повторно да се сретнеме, но имам чудно претчувство дека Вајлдер ќе ги извади своите патики за трчање и брзо ќе побегне. Требаше да ја добијам борбата со одлука на судиите и да го однесам ВБЦ појасот во Британија, но за жал тоа не се случи. Не сум видел полоша судиска одлука во животот, тоа беше подарок за Вајлдер“ – истакна Фјури.

Се вчитува...