Тајсон Фјури реши да се врати во рингот, па вечерва во Саудиска Арабија ќе ги одмери силите со Франсис Нгану, ММА-борецот кој храбро најавува дека ќе го патосира британскиот боксер во оваа пресметка.
Фјури не обрнува преголемо внимание и е убеден во триумф, бидејќи борбата ќе се одвива под боксерски правила, што дефинитивно е предност за него.
„Нгану, тој е голем и дебел колбас. Не верувам дека ќе минеме многу време во рингот, не ни платија за да минеме многу време во рингот, туку да биде спектакл, тоа може да се случи и со нокаут во раната фаза. Нгану не ми може ама баш ништо… па тоа како шампион во пинг понг да го предизвика Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон… сите знаат како ќе заврши“, порача Фјури.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА