Легендарниот боксер Тајсон Фјури е во официјална пензија речиси година дена, но би се вратил во рингот за меч против Ентони Џошуа доколку биде исполнет само еден услов.
Тој се разбира се поврзува со финасиите. Како што најави промотерот на „Кралот на Ромите“, доколку финансиската страна биде исполнета неговиот боксер ќе прифати долгоочекуван меч од страна на сите љубителите на боксот.
„Тоа што ќе го поттикне Тајсон е финансикиот аспект. Верувам дека може да победи, тоа го верува и Тајсон и неговиот цел тим. Но, се се сведува на вредноста на борбата. Тоа е голема борба и вреди многу пари“, изјави Ворен.
„Парите ќе диктираат каде ќе се одржи борбата, едноставно е така. Ќе оди таму каде што има пари, сите се тоа професионални борци, влегуваат во ринг и примаат удари за пари“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

