Фјури: Што очекува Конор кога нема борби повеќе од три години?

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури, го коментираше враќањето на Конор Мекгрегор во професионалниот октагон, и ја посочи неактивноста како главна причина за неговиот неуспех на ММА борбата со Дастин Поарие. Вакво нешто Конор доживеа и против Нурмагомедов, Хабиб му нанесе пораз по две години пауза.

Конор во последниот период направи и целосна промена во неговиот тим на соработници и тренери, па ова е можеби и дополнителна причина за слабите резултати на Ирецот.

„Конор беше поразен затоа што не се бори доволно често. Ова е причина за неговиот пораз. Тој имаше натпревари во 2016 година, а потоа паузираше до борбата со Хабиб Нурмагомедов во 2018 година. Повторно, година и пол пауза до борбата со Каубој Серуни, а потоа уште една година до мечот со Дастин. Пасивноста го „уби“, не се сомневам во тоа. Кога борец е точен, се бори, тренира и ги завршува подготовките, а другиот седи на каучот – тоа не е добро. Го губите времето, чувството за победа, сè е изгубено. Тогаш сè треба да се врати на потешкиот начин, со нови подготовки и нови борби. Ако едниот борец има три борби по ред, а другиот е надвор од рингот три години – првиот ќе биде десет пати подобар“, рече Тајсон Фјури.

Мекгрегор во јануари претрпе нокаут пораз од Поарие, иако беше голем фаворит пред мечот. Поранешниот шампион на УФЦ во две категории доби голем број удари кон десниот лист, а неговата нестабилност на предната нога на крајот доведе до можност „Дијамант“ да стигне до технички нокаут по серија на „пекол“ удари.

Се вчитува...